ЗА НАС
Светот на работата длабоко се менува. Многу извештаи и истражувања покажуваат дека дигиталните вештини се тесно поврзани со вработувањето, особено кога се зборува за млади луѓе кои влегуваат на пазарот на трудот. Исто така, земајќи ја предвид пандемијата COVID-19, сега, повеќе од кога било, од суштинско значење е да се поседуваат дигитални вештини (поврзани со пазарот на трудот), како би биле подготвени да се соочиме со сите видови предизвици, како што се пандемии. Оттука, целта на ДигиГо е да го поддржи стекнувањето на дигитални вештини кај учениците од стручното образование, за време на нивното стажирање и во исто време правилно да ги насочи вештините на учениците со потребите на пазарот на трудот.
Главна цел
Промовирање на дигитализацијата кај практикантите од стручното образование, но исто така и соочување со неусогласеноста на вештините помеѓу потребните дигитални компетенции на пазарот на трудот на учениците од стручното образование.
Специфични цели
- Подобрување на дигиталните вештини на менторите во компаниите
- Поддржување на наставниците во стручното образование и менторите во компаниите во текот на развивањето на програмите за пракса (класична или виртуелна пракса) со цел да се подобрат дигиталните вештини на учениците
- Да се обучат менторите во компаниите како да ги подобруваат дигиталните вештини на учениците кои стажираат во нивните компании, преку паметно работење
- Да се подигне свеста кај наставниците по стручно образование и менторите во компаниите, за можноста за унапредување на дигиталните вештини на учениците преку стажирањето
- Да се ангажираат повеќе компании кои ќе нудат квалитетни пракси преку кои ќе се подобрат дигиталните вештини на учениците
За да се постигнат овие цели, ДигиГо се фокусира не само на дефицитот на дигитализација во текот на спроведување на праксата, туку и на тоа што се треба да поседуваат менторите во компаниите. Проектот е иновативен со тоа што ги комбинира промоцијата на праксите преку учење преку работа, со поддршката на развојот на дигитални вештини, директно поврзани со вработувањето.
Овој проект е финансиран со поддршка на Еразмус+ Програмата на Европската Унија. Оваа комуникација ги одразува гледиштата на авторите, а Европската комисија ниту Извршната агенција за образование, аудиовизуелни услуги и култура не можат да бидат одговорни за каква било употреба на информациите содржани во неа.
Project number: 2020-1-FR01-KA226-VET-094938